Во Скопје 120 пациенти кашлаат магарешки, дел од нив хоспитализирани 

Центарот за јавно здравје – Скопје  ја контролира епидемијата со пертусис

289

НН Центарот за јавно здравје – Скопје  ја контролира епидемијата со пертусис

Н Во Скопје 120 пациенти кашлаат магарешки, дел од нив хоспитализирани

Поднаслов Како што информираат од Центарот за јавно здравје – Скопје  за весникот ВЕЧЕР  денеска регистрирани се уште десет нови случаи на заразени со пертусис.Според д-р Јумизе Бајранми раководител за имунизација при Центарот за јавно здравје бројот на заболени со голема кашлица во Скопје достигна 120 пациенти. Комисијата за заразни болести ќе даде препорака до ДСЗИ да не се примаат невакцинирани или делумно вакцинирани деца, а Иститутот за јавно здравје го изготви Упатство за следење на голема кашлица и постапување при појава на епидемија

 

 

Расте бројот на  заразени деца со пертусус.Четири доенчиња со потврдена голема кашлица се хоспитализирани на Универзитетската клиника за респираторни заболувања во Козле. Две од нив се со примена прва доза на вакцина, две не се вакцинирани, но според лекарите сите четири доенчиња се во стабилна состојба.

Како што информираат од Центарот за јавно здравје – Скопје  за весникот ВЕЧЕР  денеска  регистрирани се уште десет нови случаи на заразени со пертусис.

-Бројот на заболени со голема кашлица во Скопје достигна 120 пациенти, од кои што поглемиот дел се деца на предшколска возраст- вели за весникот ВЕЧЕР, д-р Јумизе Бајранми раководител за имунизација при Центарот за јавно здравје и дополнува дека редовно се прават тестирања  на сомнителните случаи, никој не се пропушта.

Комисијата за заразни болести веќе препорача во градинките да не се примаат деца кои се невакцинирани или делумно вакцинирани. Според нив тоа е на совест на родителите, но тие врз основа на искуството од епидемијата на мали сипаници која се случи во 2019 година сметаат дека превенцијата е добар начин да се заштитат малите деца.

-Државниот здравствен и санитарен инспекторат да ги задолжи градинките тие да направат список на вакцинирани и невакцинирани. Добро е да забранат прием на деца невакцинирани во предшколски институции-препорачува проф. д-р Петличковски и дополнува дека најважно е да се подигне свеста за имунизацијата не само за пертусисот туку и за морбилите, оти во некои земји во регионот расте бројот на новозаболени и со мали сипаници.

Иститутот за јавно здравје го изготви Упатство за следење на голема кашлица и постапување при појава на епидемија, кое што веќе го најави Комисијата за заразни болести како протокол кој што ќе се применува во услови кога на територија на град Скопје е прогласена епидемија.

Како што информираат од ИЈЗ  документ кој што е објавен на 12 страни,   подлежи на промени во зависност од актуелната ситуација.Тоа значи дека ќе се ажурира според развојот на епидемиолошката состојба и потребите за соодветен одговор, и затоа не треба да се  смета дека е конечен.

Стадиуми на болеста, нејзина трансмисија, како и факти  за неа се дел од поглавијата на ова упатство.  Анализирани се  ризиците според возраста и вакциналниот статус, при што е посочено дека од пертусис може да заболи секој без разлика на возраста.

-Ефикасна и безбедна превенција од голема кашлица се постигнува со навремена и комплетна вакцинација и ревакцинација на децата со соодветни вакцини, која во РСМ се спроведува согласно законска и подзаконска регулатива. Примарната серија на вакцинација се врши со апликација на три поединечни дози, а според Календарот за имунизација, првата доза на вакцина се дава на деца на возраст со навршени два месеци, втората доза на возраст од 4 месеци и третата доза на возраст од 6 месеци. Првата ревакцинација се врши една година по комплетирањето на примарна вакцинација – на 18-месечна возраст, со давање на една доза Pentaxim-информираат од Институтот  и дополнуваат дека втората ревакцина се дава во второ одделение на основното училиште, односно на 7- годишна возраст.

Од Институтот во услови на епидемија препорачуваат имунизација на  трудниците, само доколку немаат контраиндикации за вакцинација од 16-та недела од бременоста па натаму. Но предупредуваат дека тие вакцини за возрасни.

-Со цел да се заштитат постарите деца и возрасните кои поради нивната здравствена состојба имаат зголемен ризик од компликации од голема кашлица, се препорачува вакцинирање. Имунизација  се препорачува и за време на терапијата за малигни заболувања, лица со хронично опструктивно белодробно заболување и други лица со хронични заболувања по препорака на лекар со кој се лекува основната болест, доколку немаат контраиндикации за вакцинација-објаснуваат од Иститутот.

Тие информираат дека пациентите со голема кашлица по пет дена третман со антибиотици повеќе не се заразни за околината.

(В.Ма.)