Во Реал (М) јадев и пиев до онесвестување

88

Роберто Солдадо важеше за голема надеж на Реал (М), производ на младинската академија, напаѓач кој за вториот тим на „кралскиот клуб“ од 2002 до 2006 година постигна 63 погодоци на 120 натпревари.

Потоа беше прекомандуван во првиот тим каде доби шанса да игра покрај Зидан, Раул и Бекам, но во следните две години Солдадо одигра само 16 натпревари на кои постигна два погодока.

  • Тоа што го доживеав со „Галактосите“ беше нешто неверојатно. Бев дете и бев зелен за да ја искористам укажаната шанса на вистински начин. Не бев психички подготвен за тој предизвик. Кога ќе се сетам на тој период, мислам дека бев бебе. Требаше некој да дојде до мене, да ми удри една шлаканица и да ми нареди да работам многу повеќе. Едноставно кажано, не водев сметка за себе. Тогаш јадев повеќе од потребното. Ако ми дадевте една чаша со вино, јас ќе ја испиев и ќе побарав уште една. Сега можеби ќе испијам една и ќе си заминам дома, изјави Солдадо.

Поради таквата ситуација неговите родители мораа да се преселат од Валенсија во Мадрид затоа што само така ќе имаа целосна контрола врз него.

  • Кога имав 18 години заминав од мојот дом за да живеам со уште двајца млади фудбалери. Често пати, после полноќ некој ќе кажеше ајде да идеме на пијачка. Со брзина на светлината бев подготвен за акција. Потоа дојдоа моите родители кои ме ставија во ред. Се оженив и станав татко, додаде Солдадо.

Освен тој на Реал (М), Солдадо го носеше и дресот на Осасуна, Гранада, Валенсија, Тотенхем, Вилјареал и на Фенербахче, а моментално ги брани боите на Гранада. За репрезентацијата на Шпанија има одиграно 12 натпревари на кои постигна 7 погодоци.