Во Нигерија пронајдени тела на 66 луѓе, меѓу кои 22 на деца и 12 на жени

54

Најмалку 66 лица загинале во напад во северозападниот дел на Нигерија, објавија локалните официјални претставници на државата Кадуна.

„Безбедносните сили пронајдоа тела на 66 луѓе загинати во напад на криминални групи”, се вели во соопштението.

Би-Би-Си јави дека меѓу жртвите имало 22 деца и 12 жени и дека телата биле пронајдени во областа Кајур, југоисточно од истоимениот главен град на сојузната држава.

Гувернерот на Кадуна, Насир ел-Руфаи, ги обвини „криминалните елементи” за нападите. Неговиот портпарол, Самуел Аруван, изјави дека безбедносните сили се веќе на трага на напаѓачот или на повеќе, но деталите не се познати.

Претседателските и парламентарните избори се одржуваат денеска во Нигерија.