Српскиот ракометeн репрезентативец Стефан Додиќ е новиот играч на Војводина. Шампионот на Србија минатата сезона успеа да освои европскиот трофеј, сега со победа над Алкалоид во Скопје ја започна сезоната во Лига Европа, а очигледно и овде сака да го подигне трофејот.

Додиќ е под договор со полскиот Киелце, кој го испрати на позајмица во Загреб и Целје каде настапуваше во Лигата на шампионите, а откако не беше дел од словенечкиот тим од почетокот на сезоната, реши да ја смени средината.

Додиќ (20) кој игра на позицијата среден бек по шест години ќе се врати во српскиот ракомет, а во меѓувреме стана најголемиот бисер не само на српскиот туку и на европскиот ракомет. Тој беше МВП на Европското првенство за јуниори во 2022 година.

По само три месеци го напушти Целје, каде што го тренираше Алем Тоскиќ откако не се наметна, иако неофицијално имаше и доста проблеми со повредата, поради која не настапи на ЕП до 20 години, каде Србија беше четврта. Досега во кариерата настапуваше за Металург, Вардар, Киелце, Загреб и Целје, сега ќе дојде во Нови Сад каде конкуренција на среден бек ќе му бидат пред се белорускиот ветеран Барис Пуховски, но и Бранко Томиќ и Симо Шијан.

Со „црвено-белите“ ќе ги брани трофеите во Купот и првенството на Србија, а во  Европа ќе се обидат да му помогнат на тимот да ја мине групата во која се Алкалоид, Силкенборг и Логроно Ла Риоха. Војводина веќе оваа година обезбеди еден стандарден првотимец на Србија, откако Вукашин Воркапиќ од Франција се врати во српскиот ракомет.