Трагедијата што се случи на хокеарскиот натпревар во Англија не престанува да носи лоши вести. Откако еден од играчите на Шефилд Стилерс случајно со лизгалка му го пресекол вратот на 29-годишниот Адам Џонсон, несреќниот спортист починал во болница.

Сега низ пекол поминува и играчот, кој го повреди Џонсон, бидејќи се дозна за кого станува збор. Профилите на Мет Петгрејв на социјалните мрежи се преполни со закани и коментари со омраза!

  • Тоа беше ситуација една во милион! Веројатно никогаш повеќе нема да се повтори, тоа беше сосема неверојатен инцидент. Тој е апсолутно уништен од смртта на противникот и не е виновен. Страшните закани мора да престанат, изјави една од навивачките која го виделе инцидентот.

Овој натпревар се одигра во рамките на британскиот Челинџ куп пред 8.000 навивачи, кои беа потресени од она што го видоа и во солзи ги напуштија трибините.

Претходно, од Адам Џонсон се прости и неговата свршрница Рајан, која испрати емотивна порака на социјалните мрежи. Таа прва истрчала на теренот од трибините кога се случила несреќата, но Адам во тие моменти веќе изгубил многу крв. Брзата помош го однела хокеарот во болница, каде што била констатирана смрт, што силно ја погодила Американката.

  • Мој пресладок ангел, ќе ми недостигаш засекогаш и секогаш ќе те сакам, напишала свршеницата на Адам.

По инцидентот на мразот, хокеарите направиле „жив штит“ за публиката да не може да види што се случило, но на сите им било јасно дека Адам има сериозни повреди и дека се бори за живот.

И додека сите го жалат Џонсон, многумина се прашуваат дали стартот бил намерен или не. Џеси Вотерс, репортер на „Фокс“, имаше контроверзен говор. Тој во својата емисија рече дека Мет Петгрејв, играчот кој стартуваше врз Џонсон, е највалканиот играч во лигата, дека најмногу пати бил казнуван и изнесе теорија што ја шокираше јавноста, според која треба да му се суди за убиство.

  • Полицијата го истражува овој случај бидејќи ова личи на убиство. За мене ова личи на убиство. Морам да ги предупредам сите дека технологијата е ужасна кај нас. Ова се многу потенки и поостри лизгалки од оние што ги користевме досега. Тие сè уште се направени од титаниум. Веќе има два случаи на сериозни повреди поради тоа. Имам тригодишен син кој игра хокеј. Ова беше ужасно да се види, истакна Вотерс.