ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ да не се фалат со хаосот што го направија туку да покажат доблест и да го гласаат законот за пасошите

19

СДСМ и ДУИ да покажат доблест и да гласаат за продолжување на важноста на пасошите на македонските граѓани, по којзнае кој пат бараат од ВМРО-ДПМНЕ. Најголемата опозициска партија реагира дека СДСМ се единствената партија која е горда и се фали со хаосот кој самата го направила. Само тие велат може да глумат дека се во ред, во ситуација кога над 600.000 граѓани се како во домашен притвор и не може да излезат надвор од државата, а уште стотици илјади не може да влезат и загрозен им е престојот во странство.

И наместо како виновни за овој проблем СДСМ и ДУИ да земат и да им излезат во пресрет на граѓаните, тие од целата ситуација дополнително прават театар.

Па така, откако од нив видовме како играат чочеци во тунел кој друг го изградил, а потоа видовме и свечен пречек на пакет вакцини со цел владин врв, сега гледаме пречек на обрасци за пасоши. Без срам и перде СДСМ и ДУИ го испратија Бојмацалиев да прави помпа од пречек на обрасци кои требаше да ги има месеци порано и се далеку од потребната бројка.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека власта на СДСМ и ДУИ и тогашниот министер Спасовски чиј шеф на кабинет беше Бојмацалиев, намерно создале дополнителен хаос со тоа што набавка од 400.000 пасоши неколкукратно ја намалиле на десетици илјади на само два месеца пред пасошите да престанат да важат според датумот кој тие го определија.

Предупредуваат дека заради неодговорната власт на СДСМ и ДУИ на граѓаните им е ускратено човеково право на слобода на движење. уште еднаш потсетија дека сдсм и дуи имаат шанса конечно во 7 години да соберат доблест и да им помогнат на сопствените граѓани.

„Се што треба е да гласат за измена на законот со цел продолжување важноста на пасошите и со тоа да се ублажи проблемот кои самите го предизвикаа“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратениците во среда ќе одлучуваат дали ќе ја продолжат важноста на пасошите до крајот на годината. Предлог-законот за продолжување на важноста на пасошите кој го поднесе ВМРО-ДПМНЕ е преведен е и доставен до пратеничките групи и в среда ќе се најде пред пратениците на пленарна седница, потврди во петокот претседателот на Собранието, Јован Митревски.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, вели дека доколку пратениците на СДСМ и ДУИ ги поддржат измените на Законот за патни исправи со кои валидните пасоши со старото уставно име би важеле до крајот на годината, тоа веднаш ќе го реши проблемот.