Владо Јаневски се отсели од скопскиот Чаир, неговото ново живеалиште е медитеранската Гевгелија

825

Освен тој што е сега спокоен, мирна е и нацијата. Популарниот македонски пејач Владо Јаневски, повеќе не живее во Скопје, а својата среќа си ја побара во топлата медитеранска Гевгелија.

На својата 63-годишна возраст Јаневски од романтичниот скопски Чаир за кој така пее во својот голем хит, се пресели во Гевгелија. За деталите многу не открива, останува мистериозен како и за многу други работи кои му се случуваа во животот и кариерата. Вели, кусо, дека сега е најсреќен, дека од Гевгелија нема поспокојно место за живот, а близината на Егејско Море и сончевиот Халкидики му даваат дополнителен мотив за живот. Со оглед на тоа дека преку лето може често да се забележи во Неа Флогита, ништо чудно што Гевгелија ќе му биде појдовна точка за убавото секојдневие.

Неодамна тој ја промовираше новата песна „Љуби, љуби” на македонски јазик. Пее и на хрватски, затоа што има за цел да одржи неколку концерти во Хрватска, да сними ЦД за “Кроација рекордс“, но ќе пее и на популарниот “Сплитски фестивал“ ова лето, само доколку му се понуди песна според неговиот музички вкус. Одлични реакции имаше минатото лето кога настапи на Фестивалската сцената во Водице крај Шибеник со хитот “Час те волим, час те мрзим“.

-Во Гевгелија имам мирен живот, си ја имам гитарата, имам и клавир за компонирање на нови песни, а кога сакам одам во казиното “Фламинго“ кај моите пријатели, им објасни Јаневски на љубопитните новинари. (Д.М.)