Владата ќе ја покрие разликата во цената на парното, заштитата на домаќинствата е приоритет

79

Владата на денешната 20-та седница донесе одлука да се измени Уредбата за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазар на топлинска енергија.

Со оваа измена, како што информираат од владината Прес-служба,  се утврдува правен основ за преземање на мерка за финансиска поддршка која ќе им ја надомести разликата на цената на енергенси за топлинската енергија на снабдувачите со топлинска енергија за да се елиминира можноста разликата на цените да падне на товар на потрошувачите на топлинска енергија од категоријата домаќинства.

-Согласно оваа мерка, нема да има промени на сметките за топлинска енергија за домаќинствата, потенцираат од Владата.