Весна Бејби: Во целата колективна траума, никој не прашува за сестрата и мајката на Вања/ВИДЕО

241

Додека јавноста се занимава со деталите од убиството на Вања, нејзината сестра имала операција на срцето, а мајката имала сериозни здравствени проблеми со дишењето, сподели актерката Весна Петрушевска на својот Инстаграм профил.

„По целата оваа колективна траума, заборавивме на мајката на жртвата Вања и нејзината сестричка“, вели актерката во видеото .

„Многу зборуваме за злосторниците и да, така треба, но ги заборавивме жртвите на насилство, во овој случај тие се директни жртви на насилство, нејзината мајка и нејзината сестричка. Само сакам да ви укажам дека треба да размислите пред што било да објавите или да коментирате. Да размислите на овие две невини суштества чијашто тага во овој момент е немерлива, нивниот живот е скратен, тие се живи мртовци. Тагата е огромна“, додава Петрушевска.

„Сега сите зборуваме за камерите, за Цитроенот, за прес конференцијата, ама никој не праша што се случува со мајката на Вања и нејзината сестричка. Тоа е поразот наш, и тоа е она што нас ќе нè зафркава во овој животен век. Не сум сигурна дали оставаме добар свет за оние генерации коишто доаѓаат“, вели Весна во видеото.