Верстапен победи на австралиското Гран при кое изобилувааше со инциденти

69

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен е победник на денешната трка од шампионатот во Формула 1 возена за големата награда на Австралија. За Холанѓанецот ова беше 37 победа во кариерата. Второто место му припадна на Луис Хамилтон од Мерцедес, а на третата позиција заврши Фернандо Алонсо во болидот на Астон Мартин.

Третата трка сезонава во Ф-1 ја одбележаа голем број инциденти, жолти и црвени знамиња и последен круг без престигнувања.

Од 20 болиди кои се појавија на стартот, на крајот трката ја завршија само 12.

Трката беше прекината со црвено знаме по несреќата на пилотот на Вилијамс Алекс Албон во 7. круг. Вториот пат трката беше прекината со црвени знамиња по излетувањето на Кевин Магнусен од Хас во заштитните бариери во 54. круг. Пилотите мораа да поминат два тркачки круга, но трката беше прекината по трет пат веднаш по рестартот поради бројни несреќи. Како резултат на тоа, Гран При заврши зад безбедносното возило.

Во Генералниот поредок Верстапен е лидер со 69 бодови, пред Перез со 54 и Алонсо со 45 освоени бодови.

Кај конструкторите води Ред Бул со 123 бода, пред Астон Мартин со 65 и Мерцедес со 56 бода.