Велика Британија го зголеми нивото на закана од домашен тероризам во Северна Ирска

42

Британската  разузнавачка служба МИ5 го подигна нивото на закана од домашен тероризам во Северна Ирска на „сериозно“, што значи дека напад е многу веројатен.

Британскиот секретар за Северна Ирска, Крис Хитон-Харис, во писмена изјава рече дека нивото е подигнато од „значително“ на „сериозно“ по неодамнешните напади врз полицајци.  „Јавноста треба да биде внимателна, но не и вознемирена и да продолжи да пријавува во полицијата во Северна Ирска за се што е загрижувачко“, наведе министерот. 

Пред околу една година, Велика Британија го намали нивото на закана во Северна Ирска на „значително“ за првпат по повеќе од една деценија. 

Во април се одбележува 25-годишнината од Договорот од Белфаст, кој во голема мера стави крај на 30-годишниот период на насилство во Северна Ирска.