Вака изгледа најскапиот настап досега: Мерлин и Чола за историја во Белград/ВИДЕО

2191
Фото: Instagram zdravko.colic

За изненадувањето на вториот концерт на Дино Мерлин во белградска Арена долго ќе се зборува. Легендарниот Здравко Чолиќ, сигурно најголемата југословенска музичка ѕвезда досега, му се придружи на магионичарот од БиХ синоќа на сцената на величествената Арена во улога на специјален гостин. Двајца музички генијалци синоќа ги разнишаа темелите на белградската Арена.

Добрите пријатели и музички велемајстори ја воодушевија преполната Арена, а Мерлин на присутните им објасни дека Чола не е случајно таму.

„Дами и господа, Здравко Чолиќ. Имав доволно среќа како млад да присуствувам на неговиот концерт на Кошево. Тоа беше спектакл. Имаше ласери и свиреше бенд од Лондон, а мојот Чола беше таму и сега сме овде заедно“, рече Дино.

Тие избраа да ја пеат заедно „Да ти кажем шта ми је“. Станува збор за хит од истоимениот албум на Здравко од 1990 година, а автор на оваа песна е Дино Мерлин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Telegraf.rs (@telegraf.rs)

„Белград се уште не го видел ова. Најскапиот настап досега“, коментираат обожавателите на Чола и Дино на социјалните мрежи.

Здравко Чолиќ јавно му се заблагодари на својот колега и пријател Дино Мерлин за поканата да му биде гостин на концертот во белградска Арена.

„Синоќа бев гостин на концертот на драг пријател и колега во преполната белградска Арена! Ти благодарам Дино за поканата. И благодарам на публиката за прекрасните реакции“, напиша Чола на својот Инстаграм профил, под видеото од заедничкиот настап.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zdravko Čolić (@zdravko.colic)