Бугарија престана да увезува нафта од Русија

170

Бугарија денеска го прекина увозот на нафта од Русија како дел од ембаргото на Европската унија поради војната во Украина, објави бугарскиот портал Новините.

На крајот на 2022 година, Европската унија и одобри на Бугарија двегодишно ослободување од ембаргото на руската нафта, кое беше планирано да трае до крајот на 2024 година.

Меѓутоа, во декември бугарскиот парламент изгласа да се прекине увозот на руска сурова нафта пред предвиденото, почнувајќи од 1 март 2024 година, пренесува Новините.

Експертите од индустријата предвидуваат дека овој потег нема да предизвика скок на цените на горивата во Бугарија.

Минатата недела Ројтерс објави коментари на трговци со нафта дека Бугарија ќе го замени увозот од Русија со нафта од Казахстан, Ирак и Тунис.