Кошаркарската репрезентација на Бугарија оствари спектакуларна победа над актуелниот светски првак, селекцијата на Германија, со 67:62 во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2025 година.

Одлична партија за Бугарите одигра Коди Милер Мекинтајр кој запиша 23 поени, пет скока и четири асистенции, додека кај поразените единствено се истакна Оскар Да Силва, со 15 поени, 12 скока и четири асистенции.