Брнабиќ реагираше на изјавата на косовскиот премиер: Курти е срамот на денешниот Балкан!

392

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, реагираше на изјавата на косовскиот премиер Албин Курти, во која тој ги обвини српскиот претседател Александар Вучиќ и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ дека предизвикуваат немири.

– Сѐ што гледаме денес е резултат на едностраните потези на Курти. Србија не направи ништо за да ја започне оваа криза, Србите во Косово не направија апсолутно ништо за да го предизвикаат ова што го гледаме денес. Напротив, ова е епилогот на повеќегодишното малтретирање на Србите на Косово и Метохија и непочитување на меѓународните договори. Претседателот Вучиќ и Србија повикуваат на мир, стабилност, поврзување и соработка, а Албин Курти е срамот на денешниот Балкан. Курти е човек чија единствена политика е постојано насилство и постојани провокации.

– Курти е тој што ги доведе работите до оваа точка – со откажување на правото на глас за Србите, забрана за одржување избори на територијата на Косово и Метохија, непочитување на Бриселскиот договор и отворено признавање дека Приштина никогаш нема да го спроведе Бриселскиот договор, како и намерно погрешно толкување и селективно толкување на старите договори, заклучи Брнабиќ.