Британскиот министер за животна средина Мајкл Гов изјави денеска дека ќе биде во самоизолација, бидејќи еден член од неговото семејство има симптоми на Ковид-19.
Медиумите објавија дека Гов засега нема симптоми на новиот коронавирус и ќе продолжи од самоизолација да ги извршува своите редовни работни обврски.
Британскиот министер за здравство Мет Хенкок, кој претходно беше позитивен на тестот на коронавирус, се врати на работното место, а некои министри биле во самоизолација.
Извор:МИА