Бранот на насилство не стивнува:Најмалку тројца тинејџери се ранети во пукање во Шведска, еден од нив е тешко повреден

487

Најмалку три лица се ранети во престрелката во шведскиот град Седертеље. Полицијата и итната помош се на местото на пукањето, а нема информации дали напаѓачот е уапсен.

Во тек е голема полициска операција поради пукање во шведскиот град Седертеље, јужно од Стокхолм, јави шведскиот јавен сервис СВТ.

Повредени се три лица и станува збор за тинејџери, а СВТ дознава дека се родени во 2006 и 2007 година. Еден од нив е тешко повреден, а сите се пренесени во болница.

Полицијата е на терен, врши увид и разговара со очевидци.

Покрената е прелиминарна истрага за убиство во обид и тешко кривично дело поседување на оружје.

Бран насилство ја зафати Шведска пред една година, а се претпоставува дека се работи за справување со криминални банди, пренесува РТС.