Во „10 Минути“ на ТВ21 дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, беше прашан дали има „сваровски“ систем во МВР, односно дали по работното време за фотографирање во полициската станица, после 19 часот сепак се фотографирале за документи?
Тој одговори дека ваков случај имало во Демир Хисар и покрената била дисциплинска мерка за началникот.
На прашање за тоа дали ваков случај има и во Скопје, Бојмацалиев порача дека има предмет на истрага и дека не сака да разговара на таа тема.