Босанка украла милион евра од германска компанија во која била вработена

6915

Германската полиција нуди 37.500 евра награда доколку некој во јавноста ја препознае и им помогне да ја фатат Босанката Мирнеса С. која е осомничена дека украла повеќе од еден милион евра од компанија во Штутгарт каде што била вработена.

Како што објави магазинот Феникс,42-годишната Босанка наводно работела и како келнерка во Штутгарт. Како што пренесува овој портал, по објавувањето на нејзината фотографија на сите германски медиуми, откриен е профилот на Инстаграм на Мирнезе С., а на него таа објави фотографии на кои се гледа како се забавува облечена во брендирана облека.

Како што соопшти полицијата, жена украла повеќе од милион евра од просториите на компанијата на 14 октомври околу 15.10 часот. И оттогаш од неа неам никаква трага. Кражбата била забележана истиот ден, полицијата започнала истрага, но засега се уште е нејасно како извадила толкава сума пари од фирмата.

По неа е распишана потрага, а понудена е и награда од 37.500 евра за тој што ќе помогне во апсењето на 42-годишната Босанка.

„Наградата е 37.500 евра и обезбедена е приватно. Се молат сите кои знаат нешто за осомничената, да се јават во криминалистичката полиција“ – објави полицијата во Штутгарт.