Просечната температура во руската престолнина во јануари годинава е највисока досега регистрирана во последните 141 години откако се мерат овие податоци, соопшти денеска руската метеоролошка агенција.
Просечната јануарска температура во Москва беше околу нула степени, што е за 9,3 степени повисока од нормалните температури, рече Људмила Паршина, метеоролог во Росхидромет.
Претходниот рекорд бил измерен во 2007 година.
Температурите во Русија, земја позната по долгите и студени зими, се мерат уште од 1891 година, а во Москва од 1879 година.
Според податоците на метеоролошката служба, во јануари, снежниот слој во Москва беше само 7 сантиметри, повеќе од четири пати помалку од вообичаената висина, соопшти Росгидромет.
Москва во моментов доживува исклучително блага зима што загрижува, во земја особено изложена на климатските промени.
Во декември, температурите во Москва беа често повисоки од 4 степени.
Целата 2019 година е најжешката забележана во Русија откако се мерат температурите.