БиХ прва во регионот почна со присилно депортирање мигранти во Пакистан

47

Во согласност со Договорот за реадмисија меѓу Босна и Херцеговина и Исламската Република Пакистан, Службата за работи со странци успешно изврши присилно депортирање на првата група пакистански државјани кои илегално престојуваа во Босна и Херцеговина.

Како што јави порталот Кликс.ба, со спроведувањето на оваа постапка, е направен значаен исчекор во Западен Балкан, со што БиХ стана првата земја во регионот што изврши присилно депортирање на пакистански граѓани со придружуба до нивната матична земја.

Предметните лица биле под надзор во Центарот за имиграција на Службата, а присилното депортирање било извршено со комерцијален лет од меѓународниот аеродром во Сараево, придружувани од безбедносни службеници и придружба на Службата за надворешни работи во Исламабад, каде што им биле предадени до надлежните органи на Пакистан.

Со имплементацијата на Договорот за реадмисија, како важен инструмент во борбата против нелегалната миграција, Службата за работа со странци уште еднаш ја потврди својата подготвеност и решителност за што поефикасно управување со миграциските процеси во БиХ, информира службата.