Познатиот латино пејач Енрике Иглесијас деновиве е на светската турнеја „Trilogy“ заедно со неговите познати колеги Рики Мартин и Питбул, но еден од неговите последни настапи крена голема прашина и незадоволство.
@arieldiazz front row with my mom and i couldnt stop laughing #enriqueiglesias #trilogytour ♬ original sound – ariel diaz
Видеото, објавено од корисник по име Ариел Дијаз, го прикажува Енрике како го изведува својот хит „Escape“ од 2001 година и неуспешно се бори да ги постигне вистинските ноти и акорди во песната.
„Дали е ова негов двојник? Што се случи со Енрике?“, „Официјално сум излечена од љубовта кон Енрике по повеќе од 20 години“, „Ова не може да биде реално?“, „Не можам ни да замислам како звучи Hero“, „Само што дојдов дома и сакам целосно да ми ги вратат парите за неговиот настап“, „Си ги сакам парите назад“, се само дел од коментарите на разочараните фанови.