Италијанскиот тенисер Матео Беретини откри дека повеќе не е во врска со Мелиса Сата, која од самиот почеток предизвика големо медиумско внимание. Во тоа време, кога почнаа да излегуваат најдобриот италијански тенисер и познатата водителка, тоа беше главна вест во локалните таблоиди.

Сата е поранешна девојка на Бобо Виери и поранешна сопруга на контроверзниот фудбалер Кевин Принс Боатенг. Многумина ја обвинија за падот на Беретини и за фактот што сега тој е надвор од топ-100 во светот. По поразот од Карлос Алкараз на минатогодишниот Вимблдон, се појавија бројни негативни коментари.

  • Таа е виновна што не му оди. Ѓаволот е во телото на жената, таа го истроши со секс – гласеше еден од коментарите.

Според медиумите, таа сакала брак и семејство, што било премногу за Беретини.

  • Знаев дека сите ќе ме прашуваат за тоа. Мелиса и јас повеќе не сме заедно. Имавме прекрасна врска, сè уште многу се почитуваме, што е доволно. Не сакам повеќе да зборувам за мојот приватен живот – истакна Беретини на оваа тема.