Без вода неколку улици во Скопје

49

Поради дефект во шахта (промена на вентил) на улица „Емил Зола“ број 9, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: „Емил Зола“, „Виктор Иго“, „Невена Георгиева Дуња“, „Драга Стојановска“, „Мишко Михајловски“ и дел од „Иван Козаров“.

Од јавното претпријатие „Водовод и Kанализација“ информираат дека прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 10:40 часот до завршување со активностите.