Француските репрезентативци Дика Мем и Лудовик Фабрегас, кои го носат дресот на Барселона, би можеле во каталонскиот клуб да останат подолг временски период, пишува „Мундо Депортиво“.

Дика Мем и Лудовик Фабрегас со актуелниот европски шампион имаат договор до 2024, односно 2023 година, но раководството на Барселона веќе им понудило понуда за продолжување на договорите.

За двајцата споменати ракометари, според шпанските медиуми, постои интерес од ПСЖ, но и од други моќни клубови.

Мем, кој игра на позиција десен бек, во составот на Барселона пристигна од Трембле во текот на 2016 година, а Фабрегас во Барселона пристигна во 2018 година, од Монпелје. Кружниот напаѓач е прва опција на пикерската позиција во дресот на Барселона.