Астероид стар 4,5 милијарди години крие тајни за потеклото на Земјата?/ВИДЕО

95
Фото: screenshot NASA Goddard Youtube

Научниците од Природонаучниот музеј во Лондон тестирале мали примероци од астероидот Бену, стар 4,5 милијарди години, кои можеби содржат индиции за формирањето на нашата планета и остатокот од Сончевиот систем.

Професорката Сара Расел од Природонаучниот музеј рече дека истражувачите веруваат дека Бену потекнува од раниот период на формирањето на Сончевиот систем, пренесува Sky News.

Таа, исто така, истакна дека астероидот содржи минерали слични на глина кои држат вода, што може да покаже како Земјата станала планета со вода погодна за живот

„Можно е астероидите како Бену да обезбедуваат хранливи материи подеднакво неопходни за одржување и развој на животот на Земјата“, рече Расел.

Природонаучниот музеј вели дека Бену е „непроменета маса од почетокот на Сончевиот систем“ која дава индиции за потеклото на Земјата, но додава дека астероидот има потенцијал да и наштети на Земјата и се смета за најопасниот астероид во Сончевиот систем.