Анџелина Џоли никогаш поискрена, заминува ли од сцената засекогаш: Да ја започнував кариерата денес, немаше да бидам актерка, Холивуд е плиток

1496

Актерката Анџелина Џоли изјави дека не би била актерка доколку ја започне својата кариера во денешната забавна индустрија.

Анџелина Џоли во интервју за Wall Street Journal зборуваше за „лекувањето“ по разводот со Бред Пит, како и за градот кој и помогнал да стане ѕвезда.

„Пораснав на прилично плитко место. Холивуд не е здраво место, затоа треба да барате автентичност“, рече Џоли за Холивуд.

Актерката, која е ќерка на актерот Џон Војт, изјави дека никогаш не била импресионирана од Холивуд и не му придавала големо значење, бидејќи пораснала во таа средина.

Таа истакна дека денеска не би се одлучила да влезе во филмската индустрија.

„Денес не би била актерка. Кога почнав, немаше толку многу очекувања да бидам јавен и да споделам толку многу“, рече Анџелина Џоли и по исклучок го додаде театарот.

Таа објаснува дека до ова преиспитување на сопствената кариера дошло по разводот со Бред Пит, со кој има шест деца, пред седум години. Во тој период се откажала од работата и поголемиот дел од времето го поминувала дома со своите деца.

„Моравме да се лекуваме. Имаше работи од кои требаше да се опоравиме“, додаде таа.

Таа вели дека го разбира интересот на јавноста за нејзиниот живот и дека таа и Бред Пит некогаш важеле за „златна двојка“ на филмската индустрија.

„Уште кога бев млада, луѓето го сакаа делот од мене кој беше силен и можеби малку див. Мислам дека тоа е делот во кој луѓето уживаат. Јас не сум таа од која сакате да слушнете за болка и тага. Знаете, не е забавно“, изјави Џоли.

Таа вели дека размислува да го напушти Лос Анџелес и да поминува повеќе време во нејзиниот дом во Камбоџа.

„Тоа делумно се случи по разводот. Ја изгубив можноста да живеам и слободно да патувам. Ќе се преселам кога ќе можам“, изјави актерката.