Андреас Волф за два дена ја доби капитенската лента во Киелце

191

Полскиот ракометен гигант Киелце, односно тренерот Талант Душебаев им приреди големо изненадување на своите фанови, откако објави кој ќе биде капитен на тимот. Лентата му беше доделена на искусниот германски чувар Андреас Волф, кој пред само неколку дена пристигна во Полска од редовите на Кил.

Иако досега нема одиграно ниту еден натпревар за Киелце, не го знае полскиот јазик, ниту градот и навивачите, Германецот ќе понесе голема одговорност во еден од најамбициозните европски клубови во овој момент.

-На почетокот бев изненаден, бидејќи тука сум само два дена. Но, понуда да се биде капитен на ваков тим не се добива секој ден. Затоа позитивно одговорив на барањето на тренерот, едноставно повторно сакам да ја осовиме титулата во Лигата на шампионите. Тоа е најголемата цел на клубот во новата сезона. Сега побрзо ќе го научам полскиот јазик , бидејќи ќе бидам одговорен за многу работи во тимот, рече Волф.

Тренерот на голманите Славомир Шмал, човекот кој му ја донесе титулата на Киелце во 2016 година, го кажа своето видување за постапката на тренерот Талант Душебаев, капитенската лента да му ја додели на Германецот.

-Тоа е многу добра идеја. Волф е многу важен за квалитето на играта. Неговиот позитвен дух се чувствува само по неколку дена, изјави Шмал.

Својата одлука ја објасни и шпанскиот стратег:

-Знам дека имаме голем број на полски играчи во тимот како Лиевски, Јуркевиќ, како и останатите играчи кои се долго во тимот. Тие му дадоа многу на тимот, но овие играчи нема да бидат со нас во наредната сезона, а ние сакаме да направиме тим кој долго ќе трае. Волф е одличен за оваа улога и верувам во него, изјави Душебаев.