Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин итно хоспитализиран

51

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин е примен на одделението за интензивна нега во рамките на неговата хоспитализација поради итен проблем со мочниот меур, соопшти Пентагон.

„Оваа вечер, по серија тестови и проценки, министерот беше примен на одделот за интензивна нега во Националниот воено медицински центар Волтер Рид за поддршка и внимателно следење“, се вели во соопштението објавено доцна синоќа.

Пентагон претходно соопшти дека Остин бил вратен во болница за лекување на „симптоми кои укажуваат на итен проблем со мочниот меур“. Малку подоцна беше објавено дека Остин ги префрлил своите овластувања на заменичката Кетлин Хикс, која моментално ја извршува функцијата шеф на Пентагон.

Остин (70) на 22 декември беше примен во болницата Волтер Рид на лекување од рак на простата.

Тој повторно се врати во болница на 1 јануари поради компликации, вклучително и инфекција на уринарниот тракт.

Информациите за неговото хоспитализација беа откриени дури четири дена подоцна, а Пентагон во меѓувреме не прецизираше зошто министерот е задржан на лекување до 9 јануари.

Пред неколку дена беше објавено дека Остин ќе сведочи пред Конгресот на 29 февруари во врска со неговото необјавување на дијагнозата за рак и последователната хоспитализација.