Алекс Душебаев ги спушти на земја Хрватите: Балиќ беше одличен играч, но татко ми е најдобар

77

Поранешниот ракометар на македонскиот ракометен шампион Вардар, Алекс Душебаев игра одлично за Шпанија на Светското првенство во Германија и Данска, а по убедливата победа над Македонија и во пресрет на последниот дуел од групата со  Хрватска, кој се одигра синоќа, беше запрашан дали ја гледал репрезентацијата на „коцкестите“ од генерацијата на Метличиќ, Џомба, Балиќ…

-Нормално, беа најдобри, освоија светско и олимписко злато, а и уште многу други медали. Играа во многу финалиња и беа репрезентација за почит. Но и оваа нова репрезентација е исто така добра и сака да постигне успех исто како репрезентацијата на Балиќ…, изјави Шпанецот.

Тој беше запрашан и да направи споредба меѓу Ивано Балиќ и неговиот татко Талант Душебаев, односно да каже кој е подобар.

-Мојот татко е најдобар. Ивано Балиќ беше страшен играч, еден од најдобрите на сите времиња. Сите знаат кој е тој, но мојот татко е најдбар, заврши Душебаев.

Помладиот брат на Алекс, Даниел исто така настапува за Шпанија на ова Светско првенство. Душебаеви се едно големо ракометно семество. Алекс ја освои европската титула со Вардар, а неговиот татко два пари беше прогласуван за најдобар играч во светот.