Алачки: Берово ќе биде на светската карта на најатрактивни дестинации за различни видови туризам

101
Кандидатот за градоначалник на Берово од партијата Интегра, Горан Алачки, презентираше дел од програмата во која, како што истакна, посебен акцент е ставен на туризмот и културата, проекти кои, според него, ќе придонесат Берово да биде препознатлива светска и најатрактивна туристичка дестинација.
-Општина Берово ќе биде на светската карта на најатрактивни туристички дестинации за различни видови туризам: културен туризам, агро туризам, велнес туризам, музичко едукативен туризам и др. Ќе се воведат признанија – амбасадори на културата и заслужни граѓани на Општина Берово, со цел да се поттикнат и поддржат сите културни работници и уметници кои што даваат личен придонес за популаризација на културата, уметноста и музиката, со настап на на светски натпревари, изложби и фестивали, рече Алачки.

Тој ќе се залага, истакна, и за подобро здравство, брендирање на малешевските земјоделски продукти и заштита на шумите.

-Ќе работиме на заштита и брендирање на најзначајните продукти што се произведуваат во општината како што се сирењето, сливовата ракија, компирот и други. Жените во општината кои макотрпно ги произведуваат нај ретките уникатни рачни изработки и органски производи, ќе бидат видно означени нивните објекти каде произведуваат као би можеле туристите да купуваат од нив, рече Алачки.

Кандидатот за градоначалник на Берово од Интегра, се осврна и на патната инфраструктура и повторно профункционирање на автобуските линии, а како примарен голем проект ја наведе изградбата на патниот правец од Владимирово до Радовиш и директните автобуски линии за поврзување на Општина Берово со поголемите градови во земјата.

Во рамки на целодневните активности во Берово, претставниците од Интегра и Алачки го посетија градскиот пазар каде пред граѓаните го претставија мотото „Мое Берово” под кое настапуваат на претстојните локални избори со реден број 20 на гласачкото ливче.