Пилотот на Мекларен, Даниел Рикардо, го сподели своето мислење за доминацијата сезонава на поранешниот партнер од Ред Бул, Макс Верстапен.
- Тој ја покажа својата брзина уште во 2016 година, ако не и порано. Но, во 2018 година, во првите четири или пет трки, тој направи многу грешки. Потоа брзо најде начин да се поправи и многу созреа. Според мене, во 2018 година тој направи голем скок од млад дечко до изградена личност. Гледајќи го сето она што го постигна, си велам: „Ако не јас, нека биде тој“, изјави Рикардо за „Рејсинг њуз 365“.