„Ако дојде трет пат, ќе ја прифатам“

223
epa11029676 AS Roma's head coach Jose' Mourinho gestures during the UEFA Europe League group G soccer match between AS Roma and Sheriff Tiraspol, in Rome, Italy, 14 December 2023. EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Жозе Мурињо е без работа од јануари кога доби отказ од Рома. Додека го чека ново работно место, трофејниот португалски тренер се занимава со различни активности, па меѓу другото во интервју за корејски „ЕА Спортс“ проговори и за својата кариера. „Специјалниот“ беше прашан и која репрезентација би сакал да ја води.

“Португалија, мислам дека е нормално. Имаше две можности да седнам на таа клупа, но тие не дојдоа во најдобар момент. Решив да останам во Рим, ме обземаа емоциите и мислам дека згрешив. Португалија има многу силен тим, една од најдобрите репрезентации во светот“, изјави Мурињо и додаде:

„Сепак, се чувствував одлично со „џалоросите“, и со навивачите и со градот. Затоа не сакав да ја прифатам понудата. Ако добијам трета шанса да ја тренирам репрезентацијата на мојата земја, ќе ја искористам. ”

Да потсетиме, актуелен селектор на португалската репрезентација е Шпанецот Роберто Мартинез, кој на таа позиција е од јануари 2023 година, кога го наследи Фернандо Сантош.