Аки слави јубилеј на ѕвезденото небо: Парни Ваљак го одржа својот прв концерт на денешен ден во 1975.

70

На денешен ден во 1975 година групата Парни Ваљак го одржа својот прв концерт – потсетува издавачката куќа Кроација рекордс.

„Парни ваљак е основан со распадот на Групата 220 и е на сцената и денес, со кратка пауза во 1988 година и четиригодишна пауза од 2005 до 2009 година. Парни Ваљак е еден од „придвижувачите“ на целиот бран на рок и поп-рок бендови во Хрватска и остатокот од поранешната држава. Денеска го слават својот 48 роденден“, стои во кусиот осврт на Фејсбук страницата.

Членовите на бендот, за жал, денеска нема да можат да слават со сите сили.

На ум им е Аки Рахимовски, легендата на бендот.

Тој почина на 22 јануари минатата година.

По неговата смрт Парни Ваљак продолжи, а со Игор Дрвенкар како пејач веќе објави три песни и одржа многу концерти.

Овој јубилеј Аки го слави високо, некаде на ѕвезденото небо.