Австралија само под еден услов ќе размислува за отворање на границите

68

Австралискиот премиер Скот Морисон објави план во четири чекори кога станува збор за олеснување на ограничувањата воведени поради коронавирусот.

Тој потенцира дека земјата ќе мора да вакцинира 80 проценти од возрасната популација пред да размисли за повторно отворање на границите.

Австралија се бори против пандемијата  на Ковид -19 многу подобро од многу други развиени земји, со нешто повеќе од 34.000 случаи и 924 смртни случаи.