Авганистан ги доби првите дози на вакцини против Ковид-19 од Индија. Станува збор за индиската верзија на вакцината АронаЗенека против коронавирус.
Вакцините први ги примија здравствените работници и старите лица во болницата Вазир Акбар Кан во Кабул.
Вакцината произведена во Индија, локално позната како „Ковишилд“, е првата вакцина што пристигна во Авганистан. Тоа е вакцина произведена од Институтот за серум и е наменета за земји со среден и низок приход.
Извор:МИА