МЗТ ја совлада Рогашка и обезбеди место во плеј-офот

154

МЗТ Скопје ја совлада словенечка Рогашка со 84-70 (44-35) во меч од 20 коло на АБА-2 лига и запиша нова домашна победа во регионалното натпреварување.

Гостите од Словенија се држеа добро само во првата четвртина, а потоа избраниците на Ѓорѓи Кочов „додадоа гас“ и на полувремето заминаа со +9 разлика. Во второто полувреме Рогашка немаше одговор за добрата игра на тимот од Аеродорм, а во еден момент разликата се искачи и на +25 поени за македонскиот тим.

Бојиќ со 17 поени беше најпрецизен кај „металците“, Медфорд и Иванов постигнаа по 14 поени.

Тимот од Аеродром има учинок 14-6 на третата позиција и веќе теоретски си обезбеди место во плеј-офот на две кола до крајот на шампионатот.

Во следното коло, МЗТ Скопје и гостува на Сутјеска, а Рогашка го пречекува Борец