Мини жаришта се Скопје, Штип и Струмица

59

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска од пред Владата се обрати на јавноста околу новата ситуација со Ковид-19 во земјата.

Тој потенцираше кои се во моментов мини жаришта, и напомена дека се следи целата ситуација околу новозаразените. Исто така уште еднаш апелираше на почитување на мерките кои се во сила, и Филипче е убеден дека тие ќе дадат резултат.

„Најризични мини жаришта во моментов се градот Скопје и неколку околни општини, потоа Штип и Струмица. Ја следиме епидемиолошката ситуација во целата земја. Засега ќе нема рестриктивни мерки, и веруваме дека овие мерки дека ќе дадат резултат“, рече Филипче.