Новиот план на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во врска со неговото отповикување за кое треба да гласа Сенатот е да им се закани на републиканците, кои би можеле да гласаат против него, со основање нова партија.

Освен тоа, како што пишува „Спутник“, Трамп наводно ќе поддржи свои кандидати против републиканците на следните избори.

Сенатот закажа расправа за отповикување на Доналд Трамп за почетокот на февруари и иако му истече мандатот, одлуката на сенаторите против поранешниот претседател може да ги доведе во прашање неговите идни активности и можната кандидатура за следните претседателски избори, пишува „Спутник“.

Инаку, за Трамп да биде отповикан на демократите треба да им се придружат 17 републикански сенатори, со што предлогот за отповикување ќе добие двотретинско мнозинство. Во Сенатот силите се поделени 50:50, додека решавачкиот глас го има претседателот на Сенатот, односно новата американска потпретседателка Камала Харис.

Конгресмените добиваат закани во пресрет на расправата за импичмент на Трамп