Поставени заштитни паравани во училиштата во Чаир

445

Општина Чаир поставува вкупно 1.950 заштитни паравани за учениците од прво до трето одделение на сите десет основни училишта во Чаир, кои наставата ја следат со физичко присуство во овој период на модифициран едукативно – образовен процес поради пандемијата со вирусот Ковид-19.

– Ги зајакнуваме заштитните механизми против вирусот Kовид-19 во нашите основни училишта! Поставивме заштитни паравани за учениците кои наставата ја следат со физичко присуство! Заедно со министерката за образование и наука г-ѓа Мила Царовска од просториите на основното училиште “Хасан Приштина“ предводено од директорката Лулиета Ќерими ја информиравме јавноста за овој проект. Целта која сакаме да ја постигнеме преку снабдувањето на училиштата со овој вид на опрема е да го подигнеме нивото на здравствена сигурност кај децата овозможувајќи поефикасна заштита од опасноста за инфицирање – истакан градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу.

Вредноста на овој проект изнесува 560.000 денари.

Министерката за образование и наука Мила Цароска смета дека во заедничка соработка на општините и Владата може да се постигнат подобри резултати во основното и средното образование во нашата држава.

– Она кое што е од исклучителна важност е дека и во време на пандемија обезбедивме континуитет на наставата за сите ученици на хибриден начин и секако оние кои се со физичко присуство успеаја училиштата заедно со родителите, учениците да ги испочитуваат протоколите и да имаме посебно низок процент на позитивни случаи во првото полугодие. Очекувам тој тренд да се задржи и во второто полугодие заради тоа што пристапот на организирање на наставата е еднаков како во првото полугодие и очекувам и наставниците, родителите и директорите да ги обезбедат сите соодветни услови – рече министерката за образование.

Царовска смета дека со оваа инвестиција која што Општина Чари ја прави дополнително се заштитува здравјето и на учениците и на наставниците, а со тоа, рече таа, и сигурно ќе бележиме и понизок процент на позитивни случи коишто доаѓаат од надвор во училиштата, но секако и спречување во трансмисијата на КОВИД -19 во училиштата внатре.

– Протоколите за обезбедување на заштита во спроведување на настава со физичко присуство се јасни. Тие ги исполнуваат сите училишта на територија на државата коишто работат со физичко присуство. Тие се задолжителни. Се што општините ќе направат дополнително ќе биде поздравено од Министерството. Во моментов на територијата на целата држава сите училишта го спроведуваат основниот протокол за здравствена заштита кој што е пропишан од Коисијата за заразни болести – рече таа.