Студено време со врнежи од дожд и снег

77

Под влијание на циклонска активност и на влажен и студен воздушен бран, денеска ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието кој на места ќе достигнува над 60км/ч. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната од 5 до 13 степени.

Во Скопје, променливо облачно и ветровито со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде 3, а максималната ќе достигне до 12 степени.

До четврток ќе дува засилен северен ветер (повремено со над 60км/ч). Утринските температури ќе бидат се пониски, а најстудено ќе е во петок наутро. Нови врнежи се очекува да започнат во текот на викендот кога ќе дува јужен ветер, велат од УХМР.