Вила во Тоскана поевтина од гарсоњера во Скопје, на југот на Италија цел стан чини помалку од гаража во македонската метропола

7969

Познато е колку цените на домашниот пазар на недвижности вртоглаво пораснаа во изминатите неколку години, па повеќето граѓани во моментов не ни размислуваат да купат куќа или стан. Ситуацијата стана толку апсурдна што можете да најдете вили во странство по поевтини цени од на пример гарсоњера во Скопје.

Така, на интернет се појави оглас за продажба на куќа од 200 метри квадратни во прекрасната Тоскана, во живописното гратче Муласо, за 90.000 евра и е опишана не само како дом, туку нешто на што другите ќе ви позавидат. Опремена е со три големи спални соби и луксузна тераса каде што можат да уживаат љубителите на цвеќиња.

Како што се наведува, вилата има и гаража, а во близина има скијачка патека, бројни пекари со локални деликатеси…

За споредба, гарсоњерите во скопското централно подрачје достигнуваат цена од над 2.500 евра за метар квадратен.

ИЗГЛЕДА ЛУДО, НО НЕ И НЕВОЗМОЖНО: Гаража во центарот на Загреб продадена за 150.000 евра

Вилта во Тоскана не е единствената меѓу поволните имоти кои деновиве се продаваат во Италија – погледнете го станот од 65 квадратни метри за 30.000 евра.

А еве што друго најдовме во Италија за многу помалку пари.