Студ, најмногу дома отколку надвор, плус и пандемија, шетање под маски, сè на сè како создадено време за зимска блуза или зимска депресија. Тоа е честа состојба што доаѓа заедно со мрачни и студени денови. Тогаш навистина може да се чувствувате лошо расположено, депресивно и летаргично. Пробајте ги овие неколку ефективни начини да ја победите сезонската депресија и да го подигнете расположението. Тие што пробале велат дека помага.

Зимата е период од годината кога можеме да се чувствуваме тажни, нерасположени и депресивни без причина. Пократки денови и подолги, постудени, помирни ноќи можат да направат да се чувствувате темно и мрачно. Особено во јануари, по сите празници. Оваа депресија и вознемиреност, која доаѓа со зимската сезона, е позната како зимски блуз. Во моменти како овие, сè што сакате е да влезете во вашиот удобен кревет, под ќебе. Но, најчесто тоа не е можно, освен можеби за време на викендите, бидејќи имаме многу деловни, семејни обврски во текот на работните денови. Сепак, имаме неколку едноставни начини како да го зголемиме нивото на добро расположение и да се чувствуваме подобро за време на зимската депресија.

 

 

Одете на прошетка или тренирајте дома или танцувајте со цело срце. Вежбањето е ефикасен начин да спречите депресија и веднаш да го подигнете расположението.

Дружете се. Во зима летаргијата може да ве принуди да останете во кревет цел ден. Но, обидете се да комуницирате со луѓето и да останете во контакт со вашите пријатели. Планирајте да одите на кафе со пријателите макар и на клупа на кеј или во парк, направете  видеоповик со нив и сигурно ќе се чувствувате подобро и полесно во нивно друштво.

Уживајте во природната светлина. Темните и мрачни зими понекогаш можат да бидат премногу за нас, затоа впивајте дневна светлина колку што можете повеќе во текот на денот, излегувајќи на утрински прошетки или седејќи покрај прозорецот додека правите нешто на компјутер.

Јадете здраво. Јадете храна како темно чоколадо или топла супа или чај, многу зеленчук и овошје и ореви. Уживајте во топло какао за да се загреете и да го подобрите вашето расположение.

Вежбајте ритуали и рутини. Спротивставете се на желбата да бидете во кревет цел ден и практикувајте дневни рутини и мали ритуали. Држете се до распоредот за спиење (станување рано и легнување порано) читање книги пред спиење, медитација, вежби за дишење, истегнување и направете список на задачи што треба да ги направите во текот на денот за да останете активни и да се чувствувате добро кога следите рутина. И се разбира следете ги резултатите што ќе придонесат да се чувствувате добро.