Премиерлигашки дуел за Упамекано

82

Вечните ривали од англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед и Ливерпул, веќе со недели водат голема борба околу потписот на францускиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг, Даиот Упамекано. Двата клуба се во потрага по нов централен дефанзивец кој треба да биде замена за повредениот Вирџил ван Дајк или пак за швредскиот интернационалец, Виктор Линделоф. Неофицијално, раководните лица на двата клуба се подготвени да одвојат околу 50 мил. евра за неговото обештетување.