Обвинителството во Куршумлија бара притвор за сопственикот на рингишпилот и закупецот на земјиштето

325
Pexels

Главниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство во Куршумлија, Билјана Милосављевиќ, го сослуша З.Љ. (36) од Књажевац, сопственик на рингишпил и Ј.Н.(66) од Врњачка Бања, закупец, поради постоење основи на сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело тешки дела против општата сигурност.

Како што се наведува во соопштението на обвинителството, по рочиштето, обвинителството му предложило на судијата за претходна постапка на Основниот суд во Куршумлија, на осомничените З.Љ и Ј.Н. да им одреди притвор, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека тие ќе се мешаат во постапката со влијание врз сведоци и соучесници, а за кривичното дело кое им се става на товар е предвидена казна затвор над пет години.

Исто така, се додава дека начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност кај јавноста, што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка.

Осомничениот З.Љ. е обвинет дека управувал вртелешка без пропишани безбедносни и здравствени мерки, додека осомничениот Ј.Н. како закупец овозможил поставување и користење на рингишпил иако знаел дека не ги исполнува пропишаните мерки за безбедност и здравје на луѓето.

Да потсетиме, во средата околу 13 часот во Куршумлија, на паркинг просторот на ЈПКД „Топлица“ Куршумлија, се урна конструкција на рингишпил при што 13 лица се повредени.

Едно тешко повредено девојче (13) од Куршумлија е во стабилна состојба, изјави директорот на Универзитетскиот клинички центар во Ниш, Зоран Перишиќ.