Привршува изградбата на ООУ „Димитар Миладинов“

162

Градежните работи на новиот објект на училиштето „Димитар Миладинов“ се одвиваат според предвидената динамика и се во завршна фаза.

Ова е констатирано по извршениот увид од страна на градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин и  претседателката на Советот на Општина Аеродром, Ивана Цветковска.

-Привршува изградбата на новиот објект, кој е од витално значење за учениците од овој дел на општината. Се радувам што населбата Лисиче, конечно, по речиси 60 години, ќе добие сосема нова и современа зграда“- изјави Марин.

Еден од главните приоритети на Општина Аеродром е создавање квалитетни услови за образование на нашите ученици, бидејќи тие се нашата иднина, додаде градоначалникот.

Инаку, новото училиште е со површина од 2.840 квадратни метри и со капацитет од 700 ученици организирани во две смени. Ќе биде опремено со најсовремени кабинети, простории за дневен престој, кујна и простории за наставниците. Според интензитетот на изградбата, се очекува од септември учениците да учат во целосно новиот објект.