Почна зимското сметање на времето

627

Летното сметање на времето заврши вечерва, во три часот по полноќ, со поместување еден час наназад, со што започна зимското сметање на времето.

Часот што се појавува двапати помеѓу два и три часот на 29 октомври, поради поместување еден час наназад, првиот пат е означен како час 2А, а вториот пат како час 2B.

Европската унија пред неколку години најави дека ќе го укине летното и зимското сметање на времето и ќе донесе единствено време, но тоа се уште не се случи.

Зимското сметање на времето се префрла на секој последен викенд во октомври ноќта меѓу сабота и недела, додека летното сметање на времето се префрла на последната недела од март кога времето се поместува еден час нанапред.