Се нормализираат телефонските врски и интернетот во Газа

235

Телефонските и интернет комуникациите постепено повторно се воспоставуваат во Појасот Газа, јавуваат палестинските медиуми, пренесува Ројтерс.

Илон Маск претходно најави дека американскиот сателитски систем Старлик ќе помогне во комуникацијата на меѓународно признатите хуманитарни организации во Газа, но не е познато дали тоа е причината за нормализирањето на комуникацисите врски.

Во петокот, палестинската Црвена полумесечина објави дека израелските власти ги прекинале сите фиксни, мобилни и интернет комуникации во Појасот Газа.

Хуманитарните групи рекоа дека не биле во можност да комуницираат со своите тимови во Појасот Газа откако телефонот и сигналот на интернет се прекинале за време на израелското бомбардирање.

Американскиот сателитски комуникациски систем Старлинк „ќе помогне во комуникацијата со меѓународно признатите хуманитарни организации во Газа“, објави сопственикот на таа мрежа Илон Маск на платформата Икс (Твитер).

Ова беше одговорот на Маск на изјавата на конгресменката Александрија Окасио-Кортез дека исклучувањето на комуникациите во Газа е „неприфатливо“.

Израел соопшти дека ќе се бори против ветувањето на Маск дека ќе обебеди сателитска услуга на хуманитарните организации во Газа. Министерот за комуникации на Израел, Шломо Крахи, на социјалните мрежи напиша дека Хамас ќе ја користи таквата сателитска услуга за терористички активности.