Полицијата во Лос Анџелес изврши рација во кампусот на колеџот во Јужна Калифорнија

65

Полицијата во Лос Анџелес денеска изврши рација во пропалестинскиот камп пред Универзитетот во Јужна Калифорнија за да ги отстрани демонстрантите, откако тие беа предупредени да го напуштат кампусот.

„Ако сте во центарот на кампусот, раширете се. Тие што нема да заминат ќе бидат уапсени. Ќе ве известиме кога кампусот ќе се расчисти и ќе можете да се вратите“, објави полицијата на платформата X.

Полицијата влегла во студентскиот камп околу 5 часот по локално време, јавија американските медиуми.

Засега нема информации дали студентите се уапсени, а портпаролот на полицијата не даде повеќе детали.

Минатиот месец, полицијата во Лос Анџелес уапси 93 лица во претходната акција на кампусот на Универзитетот во Јужна Калифорнија, пренесува Ројтерс.

Според палестинските власти, во израелските напади врз Газа од 7 октомври досега се убиени повеќе од 34.000 луѓе.

Американските студенти протестираат на голем број универзитети, меѓу кои и Универзитетот Колумбија, Универзитетот во Вирџинија, Универзитетот Северозападен, против, како што тврдат, израелскиот геноцид врз Палестинците и бараат од образовните институции да ги повлечат инвестициите од компаниите кои соработуваат со Тел Авив.

Повеќе од 2.000 студенти беа уапсени во американските кампуси.