„Новогодишна сказна“ – е наслов на двојазичната сликовница за деца со оштетен вид објавена од Здружението „Свет на Различни а Еднакви“

Се работи за инклузивна сликовница на македонски и на албански јазик –  од Гордана Симоновска-Момироска, поетеса за деца и млади и хуманист.

Препевот на стиховите од македонски на албански јазик е на поетесата Пунторие Муча Зиба, илустрациите се на Наско Џорлев, а на Брајовото писмо сликовницата ја подготви Тони Пајдаков, секретар на Здружението на слепи лица во Велес.

– „Новогодишна сказна“ е поддржана од повеќе институции и донатори. Рецензент на проектот е Горјан Петревски, а јазичната редакција на универзитетската професорка Гордана Алексова, соопшти Здружението „Свет на Различни а Еднакви“.